Осуда за недоличното однесување на навивачката група „Шверцери“ во МНТ
Владата информира дека настанот во МНТ на кој се случило несоодветно однесување на навивачка група не е во организација на ниту една државна институција, и не смее никако да се поврзува со владиниот настан за одбележување на Денот на албанската азбука кој поминал во најдобар можен ред и за кој јавноста била во целост информирана.

Осуда за недоличното однесување на навивачката група „Шверцери“ во објектот на МНТ. Нивното присуство не беше најавено- велат од ресорот за култура.
Координатор на овој настан е пратеникот Артан Груби- тврди директорката на МНТ, Угриновска.
Владата информира дека настанот во МНТ на кој се случило несоодветно однесување на навивачка група не е во организација на ниту една државна институција, и не смее никако да се поврзува со владиниот настан за одбележување на Денот на албанската азбука кој поминал во најдобар можен ред и за кој јавноста била во целост информирана.
Владата очекува организаторот и иницијатор на настанот да ја надомести направената штета во Националната установа- Македонски народен театар, и да се извини на граѓаните за несоодветното однесување- се вели во владиното соопштение.
