Заев: Поддржуваме една изборна единица, нема одложување на изборите
За СДСМ и коалицијата е прифатлив предлогот за една изборна единица, иако ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се против ова решение, изјави премиерот Зоран Заев, нагласувајќи дека власта е подготвена за промена на изборниот модел и нема потреба од одложување на изборите...
За нас е прифатливо една изборна единица, еднаква застапеност и отворени листи. Важно ни е граѓаните да бидат мотивирани да гласаат, изјави премиерот Заев. Вели оти е свесен дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се против една изборна единица, но посочува оти дека е подготвена за евентуални промени во изборниот модел и додава оти нема потреба од одложување на изборите. Пред нас се избори кои се клучни за иднината на Северна Македонија, смета шефот на владата.
Ставен е потпис на меморандум за соработка со Швајцарија за поддршка на изборните реформи во земјава. Заев посочи дека фокусот ќе биде внатрешно демократизирање, партиите да бидат свртени кон граѓаните. Сите алатки и инструменти по 2023-та ќе бидат преземени од институциите. Амбасадорката на Швајцарија рече дека демократски избори се клуч за демократијата во државата.
Проектот го финансира швајцарската влада со 12 милиони франци, кои ќе ги користат ДИК, општинските изборни комисии, други институции и невладини организации.
Фиљана Кока
