Скенирани над 38 милиони фискални сметки, во декември почнува исплатата
4,9 милиони евра изнесува повратот на ДДВ-то што ќе го добијат граѓаните во декември кога почнува првата исплата. Од Управата за јавни приходи информираат дека досега се скенирани над 38 милиони фискални сметки, и остварен промет од 18,8 милјарди денари. Управата утврдила нерегуларности при издавање на фискалните сметки кај повеќе од 100 компании...
4,9 милиони евра изнесува повратот на ДДВ што ќе го добијат граѓаните. За околу две недели, Управата за јавни приходи ќе ја направи првата исплата на средства од проектот „Мој ДДВ“. Највисокиот можен износ за три месеци е 1.800 денари. Од УЈП велат дека досега биле скенирани над 38 милиони фискални сметки и е остварен промет од 18,8 милјарди денари. Кај над 100 компании се утврдени нерегуларности при издавање на фискални.
„Скенирани се 38.514.016 фискални сметки, остварен е промет од 18.877.173.838 денари. Вкупниот ДДВ е во износ од 2.044.125.829 денари, поврат од 15 отсто е во висина 4,986 милиони евра. Во декември ќе започне исплатата за првото тромесечие, за месеците јули, август и септември“, изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
Од јануари до октомври бил остварен вкупен даночен приход од 68 милијарди денари, трипати повисок од истиот период лани. Според Управата, трендот на добра реалација продолжил и кај наплатата на социјалните придонеси од плата. Повратот кај компаниите се врши редовно, тврди Лукаревска.
Дијана Ценевска
