„Менциј“- првпат на македонски во превод од старокинески јазик
Менциј е еден од четворицата најголеми кинески класици, покрај Лао Це, Чуанг Це и Конфучиј, односно најпознатиот конфучијанец по Конфучиј. Менциј првпат интегрално се објавувана македонски јазик, со предговор, коментари и во превод од старокинески на д-р Игор Радев.

Издавачката куќа „Македоника литера“, деновиве ја објави книгата „Менциј“, во превод од старокинески јазик и со предговор и белешки на Игор Радев, доктор по старокинеска филологија.
Менциј е еден од четворицата најголеми кинески класици, покрај Лао Це, Чуанг Це и Конфучиј, односно најпознатиот конфучијанец по Конфучиј. Менциј првпат интегрално се објавувана македонски јазик, со предговор, коментари и во превод од старокинески на д-р Игор Радев.
Предговорот, всушност, претставува обемна и пристапна студија, во која се обработени мислата на Менциј и историскиот контекст на настанокот на делото на Менциј. Делата на Меницј се напишани во седум книги, во вид на дијалози, а сите тие се собрани во една книга епонимно наречена по авторот – „Менциј“, а првпат интегрално се објавени на македонски јазик.
Менциј живеел од 372 – 289 п.н.е еден од стожерните философи во кинеската историја, чиешто дело претставува вододелница во интелектуалниот живот на оваа земја.Живеел во преодот од IV и III век пред Христа, кога Кина се наоѓала поделена на многу мали држави, кои честопати биле во конфликт.
Во таквите околности, дошло и до заживување на философската мисла, кога разни философи, коишто претставувале различни интелектуални школи влегувале во остри полемики меѓу себе.
Менциј се смета за најзначаен претставник на конфуцијанската философска школа, по влијанието веднаш зад самиот Конфуциј.
