Брисел

Одобрен новиот состав на Европската Комисија

25.11.2019 14:18

Европскиот Парламент ќе треба да гласа за целокупниот состав на новата Европска Комисија. Се очекува да помине со тесно мнозинство.

Тимот на избраната претседателка на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајн, доби зелено светло од Советот на ЕУ. Останува новата ЕК да биде одобрена од страна на Европскиот Парламент во среда.

Европскиот Парламент ќе треба да гласа за целокупниот состав на новата Европска Комисија. Се очекува да помине со тесно мнозинство.

Доколку пратениците ја поддржат новата Европска Комисија, таа би требало да почне со работа на 2-ри декември.