Обама го претстави предлог-буџетот за 2015

05.03.2014 11:00

Американскиот претседател Барак Обама, во рамки на предлогот на владиниот буџет за фискалната 2015 година, повторно побара даночни олеснувања за сиромашните и семејствата од средна класа.

Изнесувајќи го своето видување за владината потрошувачкаа во следната година, кое го процени на речиси 4.000 милијарди долари, Обама побара поголеми даночни олеснувања за семејствата со мали деца, но и дополнителни олеснувања за над 13 милиони работници кои немаат деца.

Обама рече дека неговиот предлог-буџет за 2015 е одраз на настојувањата да се позабави неедкавоста во примањата и огромните разлики меѓу најбогатите и најсиромашните Американци.

Претседателот на САД предложи намалувањето на даноците на оние кои плаќаат универзитетско образование да стане постојано. Во предлог-буџетот, ОБама побара 56 милијарди долари нова потрошувачка, која би требало да се распореди меѓу војската и внатрешните програми.