Осуда за однесувањето на „Шверцери“ во МНТ
Осуда за недоличното однесување на навивачката група „Шверцери“ во објектот на МНТ. Нивното присуство не беше најавено, велат од ресорот за култура. Координатор на овој настан е пратеникот Артан Груби, тврди директорката на МНТ, Угриновска. Навивачите тврдат- не дивееле...
Осуда за недоличното однесување на навивачката група „Шверцери“ во објектот на МНТ. Нивното присуство не беше најавено- велат од ресорот за култура. Координатор на овој настан е пратеникот Артан Груби- тврди директорката на МНТ, Угриновска.
Владата информира дека настанот во МНТ на кој се случило несоодветно однесување на навивачка група не е во организација на ниту една државна институција, и не смее никако да се поврзува со владиниот настан за одбележување на Денот на албанската азбука кој поминал во најдобар можен ред и за кој јавноста била во целост информирана.
Владата очекува организаторот и иницијатор на настанот да ја надомести направената штета во Националната установа- Македонски народен театар, и да се извини на граѓаните за несоодветното однесување- се вели во владиното соопштение.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го осудува вандализмот и хулиганството во МНТ, и бара МВР да ги пронајде сторителите и да ги казни согласно законт.
