ВМРО-ДПМНЕ: Младите бегаат затоа што нема правда и нема надеж
Според партијата, Заев не само што не ги вратил иселените луѓе, туку сега и претседателот јавно говори дека доколку не би бил шеф на државата, би ја напуштил земјава.
„Младите бегаат затоа што нема правда и нема надеж“, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, Заев не само што не ги вратил иселените луѓе, туку сега и претседателот јавно говори дека доколку не би бил шеф на државата, би ја напуштил земјава.
„Изјавата на Стево Пендаровски е потврда за суровата реалност во која ја живееме денес. Никој, ниту функционерите предложени од СДСМ не сакаат да живеат во држава на која тој и е премиер. Три години откако Заев е на власт, младите се повеќе бегаат, а бегаат заради криминалот, корупцијата и рекетот, бидејќи во Македонија под Заев функционираат криминалците кои во Луј Витон ташни носат милиони, пари кои не знаеме каде завршиле и дали и Заев лично не е крајната дестинација на милионите од најголемата рекетарска афера до сега“, велат од партијата.
