СДСМ: Каде и под кои услови дипломирал, магистрирал и докторирал Христијан Мицкоски
25.11.2019 15:29
Според владејачката партија, оваа дилема се наметнува по средбата меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и бугарскиот премиер Борисов...
„Каде и под кои услови дипломирал, магистрирал и докторирал Христијан Мицкоски“, прашуваат од СДСМ. Според владејачката партија, оваа дилема се наметнува по средбата меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и бугарскиот премиер Борисов.
„Христијан Мицкоски кој дипломирал, магистрирал и доктрорирал на Машинскиот факултет во Скопје, а потоа му станал и асистент на својот татко, вели дека магистрирал и докторирал во Италија и Германија како стипендист на двете пријателски земји. Го повикуваме јавно Мицкоски да каже каде дипломирал, магистрирал и докторирал и да објасни под кои услови и со кое знаење“- велат од владејачката партија.
