Се продлабочува културната соработка меѓу Кина и земјите од Централна и од Источна Европа
Се продлабочува културната соработка меѓу Кина и земјите од Централна и од Источна Европа. Ова е констатирано на дводневниот форум што се одржува во Скопје. Усвоена е декларација, треба да донесе дополнително зајакнување на врските во следниве две години...
Со усвојување на Скопска декларација, ќе се имплементира планот за соработка меѓу Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа за наредните две години.
„Постои огромен потенцијал во нашата соработка, затоа што сите имаме свои силни страни, или во креативноста, или на пазарот коишто може да бидат комплементирани и меѓусебно да се инспирираат преку културна размена“, посочи кинескиот министер за култура и туризам Луо Шуанг.
Планот за следните две години е да се интензивира соработката во библиотечната, во аудиовизуелната дејност, во областа на заштитата и културното наследство и музичката уметност, објасни министерот Исмаили.
Уште од основањето на иницијативата 16 + 1, на која подоцна се приклучи уште една земја, државава имаше активна и конструктивна улога во остварувањето на целта да се унапредува соработката меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, рече премиерот Заев.
Истакна дека оваа иницијатива има силна поддршка за која, според него, постои голем потенцијал повеќе да се унапреди, што ќе донесе и нов бизнис, економски потенцијал и реализација на проекти од различни области.
Александра Спировска
