Лекарите од Воено-медицинскиот центар ќе може да работат и во јавното здравство
Со измените во Законот за служба во Армијата, лекарите од Воено-медицинскиот центар ќе може да работат и во јавното здравство. Според министерите Шеќеринска и Филипче, тие со своите знаења ќе можат да придонесат за развој на здравствениот систем...
Јавното здравство кадровки ќе се зајакне со лекарите од Воено- медицинскиот центар. Ќе можат одреден број часови да работат во јавното здравство. На ваков начин ќе се јакнат капацитетите со специјалистички кадар. Ова е предвидено во измените на Законот за служба во Армијата кој се наоѓа во собраниска процедура.
Дополнително со законот, исите цивили кои работат во Армијата добиваат дополнителни приходи, заради тоа што нивните плати биле долго време потценети, вели министерката Шеќеринска.
Ќе се надополнува кадарот онаму каде што недостига, преку дежурства, системот Мој термин и за интервенции за кои имаат експертиза, појаснува министерот за здравство Филипче. Според него, Воено- медицинскиот центар ќе биде атрактивен за помладите лекари.
Како ќе се распоредуваат работните места во секторот здравство, ќе биде појасно со стратегијата 2020-2026 година, која министерот Филипче ја најави за почетокот на наредната година.
Наташа Гркова- Петрушевска
