ЕУ замрзна имот на 18 Украинци

05.03.2014 11:14

Владите на државите членки на Европската унија постигнаа прелиминарен договор за замрзнување на имотот на 18 Украинци на барање на Киев откако новите украински власти објавија дека од државната каса исчезнале милијарди долари.

Одлуката ќе биде конечна во следните денови. Имот на 18 Украинци минатата недела веќе замрзна членка на ЕУ, Австрија, а истото го направија и Швајцарија и Лихтенштајн.

Австриските власти во тој список го ставија и соборениот украински претседател Виктор Јанукович, но не е јасно дали сите 28 членки на Унијата ќе го замрзнат неговиот имот.