Заев по земјотресот во Албанија: Подготвени сме да ја пружиме сета неопходна помош
26.11.2019 10:13
Силината на земјотресот, кој го почувствуваме и ние, ги насочи мислите кон нашите соседи, напиша премиерот Заев на социјалните мрежи...

Подготвени сме да ги пружиме неопходната помош и поддршка, со загриженост ги следиме вестите за големиот земјотрес во Албанија, на социјалните мрежи напиша премиерот Заев.
„Со загриженост ги следиме вестите за големиот земјотрес во Албанија, во Драч и во близината на Тирана. Силината на земјотресот, кој го почувствуваме и ние, ги насочи мислите кон нашите соседи. Најискрено сочувствуваме со најблиските на жртвите, и се надеваме на брзо закрепнување од последиците. Од утрово сме во комуникација со институциите на Албанија и сме подготвени да ја пружиме сета неопходна помош и поддршка“, напиша Заев.
