Дендиас во посета на Скопје

26.11.2019 10:17

Министерот за надворешни работи на Хеленската Република, Никос Дендиас, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Шефот на грчаката дипоматија, Никос Дендиас во посета на Скопје. Има тет- а- тет средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Билатералните односи, европската перспектива и прашањата од заеднички регионален интерес, на маса и во разговорите со државниот врв. Предвидено е да се разгледаат и можностите за унапредување на политичкиот дијалог меѓу двете земји, во светло на имплементацијата на обврските од Преспанскиот договор.

Дендиас ќе се сретне и со грчките бизнисмени кои инвестираат во земјава.