Димитров: Жалиме за настраданите во земјотресот во Албанија, подготвени сме да помогнеме

26.11.2019 10:28

„Длабоко жалиме за загубата на животите во земјотресот во Албанија. Ние сме подготвени да помогнеме. Нашите мисли се со народот на Албанија“, напиша Димитров на „Твитер“.

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров на социјалните мрежи изрази жалење за загубата на животите во земјотресот во Албанија и подготвеност за помош.

„Длабоко жалиме за загубата на животите во земјотресот во Албанија. Ние сме подготвени да помогнеме. Нашите мисли се со народот на Албанија“, напиша Димитров на „Твитер“.

Во силниот земјотрес што изутринава го погоди регионот на албанскиот град Драч, најмалку седум лица го загубија животот, а над 300 се повредени.