Еразмус плус: Претприемништво на 21-от век
Главна цел на овој проект е да се развие концептуален модел којшто ќе биде прилагодлив за примена во секое средно стручно училиште во Македонија, во Хрватска и во Грција

Во Средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ од Кочани, започна реализацијата на проектот „21 Century Entrepreneurship” ERAZMUS+. Носител на овој проект е невладината организација ЛАГ(локална агенциска групација) од Кочани, а нејзини партнери се училиштето Гошо Викентиев, Фондацијата CEED Македонија, Луцера од Лудбрег, Хрватска, Техничкото училиште од Дарувар, Хрватска, Alternative Innovative Development ASTIKI MI KERDOSKOPIKI ETAIRIA од Лариса , Грција, и Средното училиште Есперино Епал Тирас од Санторини , Грција.
Главна цел на овој проект е да се развие концептуален модел којшто ќе биде прилагодлив за примена во секое средно стручно училиште во Македонија, во Хрватска и во Грција. Планирано е да се создадат стратешки партнерства за транснационална соработка помеѓу различни социо-економски организации; да се зголемат компетенциите и вештините на професорите од средните стручни училишта во менторскиот процес, а со тоа да се поттикне и подржи потенцијалот на младите амбициозни луѓе да ги надградат и усовршат своите вештини и да ги развијат креативните и претприемачки способности за отпочнување сопствен е-бизнис.
Време на реализација на проектот е 2 години. Во овој период се очекува плодна соработка со партнерите, размена на искуства, стекнување нови пријателства и остварување на поставените цели.
Радмила Гиевска
