Комисија за финансирање и буџет
Продолжува расправата за предлог- буџетот
26.11.2019 10:41
Опозицијата критикува- го скроивте најголемиот буџет досега, не нудите развој, туку корупција на гласачите.
Продолжува расправата за предлог- буџетот за следната година. На вчерашната дебата во матичната комисија, министерката Ангеловска нагласи дека фокусот е ставен на инвестициите во човечкиот капитал за да ги задржиме граѓаните во земјава. Најавени се вложувања во подобро здравство, образование, социјална грижа.
Опозицијата критикува- го скроивте најголемиот буџет досега, не нудите развој, туку корупција на гласачите.
Владата предлага буџет од 3 милијарди и 615 милиони евра, при проектиран раст на БДП од 3,8%. Се планира дефицит во државната каса од 2,3%.
