Заеднички напори за поттикнување на економската соработка
Македонско-бугарска комора
07.11.2013 11:50
Македонско-бугарската стопанска комора и општините од источниот дел на земјава со заеднички напори ќе ги поттикнуваат економската соработка на фирмите од Македонија и од Бугарија

Македонско-бугарската стопанска комора и општините од источниот дел на земјава со заеднички напори ќе ги поттикнуваат економската соработка на фирмите од Македонија и од Бугарија,инвестициите , како и целосното искористување на парите од Европските фондови наменети за прекугранична соработка.Бизнисот и локалните власти се едногласни.Интересот е двостран,компаниите бараат поголем пазар, а општините развој и зголемување на вработеноста.
,,Штип како најголем град од источна Македонија очекува многу од оваа соработка и убеден сум дека со изградбата на инфраструктурините објекти што ги најави Владата во идните три години таа соработка ќе биде интензивирана.”
За Владата ова е одличен пример за соработка меѓу две земји каде што искористеноста на повиците во последните три години надминала 20 милиони евра.
Двтон Ѓорѓија Сајкоски-заменик министер за локална самоуправа
,,Сега зборувавме за источниот плански регион кој е една успешна приказна ,каде што искористеноста на средствата е преку 90% за прекугранична соработка и за регионален развој ,но треба да се размислува за прекугранична соработка и на бизнис секторот .”
За бизнис заедницата источниот сосед е најблиската порта за влез во Европската унија и таа можност треба што повеќе да се користи за привлекување на инвестиции од Бугарија.
Двтон Зоре Темелковски-претседател на Македонско –бугарската стопанска комора
,,Освен туризмот кој е една од бизнис дестинациите тука се и земјоделските производи кои се интересни за бугарските компании,како и ,, ноу хауто” и услужниот сектор .
Абасадорот Петков смета дека причина за скромните бугарски инвестиции во Македонија е недоволната поврзаност на двете бизнис заедници .
Двтон Иван Петков-амбасадор на Бугарија во Р.Македонија
,,Нашите компании малку се познаваат и токму тоа е една од задачите на македонско бугарската стопанска комора ,повеќе да соработуваат и подобро да се запознаат ,затоа што сега во Бугарија многу се гради ,тука се 60 километри метро линии и нови автопатишта ,многу работи за кои овдека не се знае и затоа треба да ги поврземе компаниите од двете земји “ .
Следен чекор е практично поврзување на компаниите од двете земји и работа на конкретни проекти,најавуваат од комората .
Свето Николовски
