Бугарите и Романците ја зголемиле невработеноста во Брисел

05.03.2014 11:17

Невработеноста во Брисел забележа зголемување од 0,3 отсто, во споредба со февруари 2013 година, достигнувајќи 20,7 проценти, соопшти Агенцијата за вработување Актирис во белгискиот главен град.

Според Агенцијата, ова зголемување се должи на зголемениот број бугарски и романски државјани кои се пријавиле како невработени, бидејќи за нив од почетокот на оваа година повеќе не постои пречка за барање работа во земјите на ЕУ.

Станува збор за регистрирање нови 3.289 невработени лица, од кои 1.300 се Бугари и Романци.

Лидија Чакар