Кери Лам: Поразот на прокинеските кандидати го одразува незадоволството на жителите на Хонгконг

26.11.2019 10:27

Продемократските кандидати освоија речиси 90 насто од мандатите на изборите за окружните совети.

Лидерката на хонгконшката влада Кери Лам призна дека големиот пораз на прокинеските кандидати на локалните избори го одразува незадоволството на жителите од начинот на кој владата се соочи со политичката криза во автономната кинеска територија.

Продемократските кандидати освоија речиси 90 насто од мандатите на изборите за окружните совети.

Резултатите од изборите се толкуваат како јасен прекор за Лам заради нејзиниот однос кон насилните протести во Хонгконг во изминатите месеци.