Сочувство од претседателот Пендаровски за загинатите и повредените во земјотресот во Албанија

26.11.2019 12:17

Пендаровски понуди поддршка на претседателот Мета, а Кабинетот е во постојана координација со Кабинетот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, преку заедничка синхронизирана активност да им се пружи помош и поддршка на семејствата на загинатите и повредените граѓани на Албанија.

Претседателот Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, во кој изрази длабоко сочувство за жртвите и повредените во земјотресот којшто, рано изутрината ја погоди Албанија.

Пендаровски понуди поддршка на претседателот Мета, а Кабинетот е во постојана координација со Кабинетот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, преку заедничка синхронизирана активност да им се пружи помош и поддршка на семејствата на загинатите и повредените граѓани на Албанија.

Претседателот во име на граѓаните на Македонија, упати и телеграма со сочувство до претседателот Мета.

Во овие тажни моменти дозволете ми, од името на граѓаните на Република Северна Македонија и од мое лично име да Ви упатам изрази на длабоко и искрено сочуство. Длабоко сум уверен дека хуманоста и солидарноста ќе помогнат во ублажувањето на последиците од оваа голема трагедија- стои во телеграмата.