Изложба

Во Ко-Ра ќе изложува Биљана Петановска Илиевска

26.11.2019 15:22

Биљана Петановска Илиевска е редовен професор на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ , Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.

„Од форма до без форма” е насловена најновата изложба на Биљана Петановска Илиевска. Изложбата ќе биде отворена во 27 ноември во големиот салон на галеријата  „Ко-Ра“.  И изложбата „Од форма до без форма“ е инспирирано од  долгогодишното духовно работење, себеспознавање и длабоките размисли за постоењето на Петановска Илиевска, внатрешните простори-универзуми, целта на живеењето, начинот на меѓусебната поврзаност. Биљана Петановска Илиевска е редовен професор  на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ , Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.

Во периодот од 2001 до 2002 година  посетувала  часови за сликање со пастел кај академскиот сликар Јосип Каракаш. Во 2018 година го имала своето прво ликовно претставување со изложбата ,,Сфера”. Учествувала во групна изложба на слики во пастелна техника во Домот  на градежници „Кочо Рацин” во Скопје.