Општина Делчево дел од мрежата Цивинет
Регионалната мрежа на Цивинет– Словенија – Хрватска – Југоисточна Европа е формирана како платформа за градовите и другите релевнтни засегнати страни за мобилност во Словенија и Хрватска за споделување искуства и најдобри пратики за примена во развивањето и имплементацијата на одржливи мобилни стратегии, регулативи и мерки.

Општина Делчево стана 167 членка на Мрежата Цивинет Словенија – Хрватска – Југоисточна Европа која е една од најактивните и најбројните европски мрежи со членки од 6 земји. Мрежата Цивинет им дава можност на членките да бидат чекор поблиску до европските искуства и идеи за урбана мобилност, а привилегијата со членувањето во оваа асоцијација отвора можности и за учество во заеднички проекти. Вмрежувањето и сите облици на поврзување помагаат и за ефективно решавање на сообраќајните проблеми преку размена на искуства, знаење и идеи до зедничко учество и синергија меѓу градовите што овозможува и подобро користење на средствата од европските фондови.
Регионалната мрежа на Цивинет– Словенија – Хрватска – Југоисточна Европа е формирана како платформа за градовите и другите релевнтни засегнати страни за мобилност во Словенија и Хрватска за споделување искуства и најдобри пратики за примена во развивањето и имплементацијата на одржливи мобилни стратегии, регулативи и мерки.
Меѓу целите на мрежата се вброојуваат и промовирањето на Цивитас- пристапот во интегрирањето одржлива мобилност и нејзините принципи во другите градови, медиуми и други засегнати страни; Проширување на пристапот надвор од Цивитас - мрежата за градови кои се надвор од Цивитас без јазични бариери, зајакнување на ширењето на информациите и резултатите од преземните мерки генерирани преку Цивитас, обезбедување фокус за дијалог помеѓу локалните власти, владините сектори, други засегнати страни и Европската комисија за решавање на проблеми за одржлива мобилност со фокус на проблеми специфични за поширок географски регион покриен со мрежата.
Поддршка за активна комуникација помеѓу членовите на мрежата и мрежата на европскиот Цивитас - Форум и со Европската комисија, им помага на градовите членови во раните фази за изработка на плановите за урбана мобилност.
