Регион
Силен земјотрес од 6,1 степен регистриран во Грција
27.11.2019 09:49
Земјотресот бил особено почувствуван на островот Крит. Засега нема пријави за повредени лица или материјална штета.

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала e регистриран кусо пред 9.30 часот утрово по локално време, со епицентар во морскиот дел меѓу грчките острови Крит и Китира, во соседна Грција.
Земјотресот бил особено почувствуван на островот Крит. Засега нема пријави за повредени лица или материјална штета.
Земјотресот бил почувствуван и во грчката престолнина.
