Европскиот Парламент денеска гласа за новата Европска Комисија
27.11.2019 10:35
Доколку новиот состав биде одобрен, новоизбраната претседателка, Урсула Фон дер Лејен, ќе може да почне со работа на 2-ри декември.

Европскиот парламент напладне ќе гласа за новиот состав на Европската комисија. Доколку новиот состав биде одобрен, новоизбраната претседателка, Урсула Фон дер Лејен, ќе може да почне со работа на 2-ри декември.
Таа доби зелено светло за сите 26 кандидати за еврокомесари пред десетина дена, по макотрпните сослушувања во кои беа отфрлени тројца кандидати.
ЕП ќе гласа за целокупниот совет со просто мнозинство.
