Трет ден расправа за Предлог-буџетот за 2020

27.11.2019 10:40

Буџетот за наредната година е проектиран на 3,615 милијарди евра, а во фокусот ќе биде човечкиот капитал...

Во Комисијата за финансирање и буџет денеска треба да продолжи собраниската расправа за Предлог- буџетот за 2020 година, по што се очекува Предлог-буџетот да биде ставен на усвојување на пленарна седница.

Буџетот за наредната година е проектиран на 3,615 милијарди евра, а во фокусот ќе биде човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор.

Проекциите во буџетот се правени врз основа на предвиден раст за следната година од 3,8 отсто од БДП. Буџетскиот дефицит е определен на ниво од 2,3 отсто.

На текстот на Предлог- буџетот има поднесено околу 350 амандмани, од кои 314 се од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.