60 години Ансамбл „Македонка“ од Торонто
Преку македонските песни и ора, на најубав начин се пренесуваат традициите на новите генерации.

Значаен јубилеј прослави Ансамблот „Македонка“ од Торонто. Фолклорот се негува и во дијаспората. Преку македонските песни и ора, на најубав начин се пренесуваат традициите на новите генерации.
Токму ова, веќе 60 години го прави Ансамблот „Македонка“ при МПЦО „Св.Климент Охридски“ во Торонто, Канада. Импозантна бројка години за дејствување, бројни генерации биле дел од овој Ансамбл, говорејки го македонскиот збор, слушајќи ги македонските песни и играјќи ги македонските ора.
Голем број се концертите во Канада, Америка и во Македонија. Огромен е придонесот на овој Ансамбл за зачувување на македонската култура и обичаи, а со своите настапи го доближуваат македонскиот фолклор и пред странска публика.
