Папата Франциск: Светот да се ослободи од нуклеарната енергија

27.11.2019 11:41

Понтифот коментираше повеќе светски теми за време на прес- конференцијата во авионот на повратниот лет, по еднонеделната посета на Тајланд и Јапонија.

Папата Франциск го нарече неморално користењето на нуклеарното оружје и го оспори користењето на нуклеарната енергија, зашто не се осигурани безбедносните мерки кои можат да превенираат катастрофи, како онаа во Фукушима.

Понтифот коментираше повеќе светски теми за време на прес- конференцијата во авионот на повратниот лет, по еднонеделната посета на Тајланд и Јапонија.

За време на престојот во Јапонија се сретна со жртви на нуклеарната хаварија во Фукушима. Неговата посета на Тајланд е прва по 1984, кога последен пат оваа држава ја посети папата Јован Павле Втори.