Денвер

Снежно невреме блокираше делови на САД

27.11.2019 14:27

Повеќе авиокомпании ги откажаа летовите. Над илјада патници ја минаа ноќта на аеродромот во Денвер.

Силно снежно невреме го погоди западниот брег на САД при што ги блокираше патиштата, во пресрет на Денот на благодарноста. Повеќе авиокомпании ги откажаа летовите. Над илјада патници ја минаа ноќта на аеродромот во Денвер.

„Нашите клиенти однапред ги откажаа летовите поради бурата. Како што може да видите насекаде околу нас има силни ветришта, видливоста е намалена. Па заради безбедноста на нашите патници авиокомпаниите решија да ги откажат летовите“, изјави Алекс Рентериа, портпарол на аеродромот во Денвер.

Во Колорадо има околу 30 сантиметри снег, а во регионот на Денвер ветерот достигнува брзина над 70 километри на час.