На французите што ќе одат на работа со велосипед ќе им се плаќа!

05.03.2014 11:51

Францускиот весник „Фигаро“ пишува дека Министерот за сообраќај на Франција Фредерик Килвилие објавува мерка за поддршка за возење велосипед...

Проектот е во експериментална фаза, со неколку фирми, чии вработени ќе доаѓаат со велосипед на работа, а за тоа ќе добиваат паричен надомест. Сумата за надомест за  секој поминат километар се уште не е одредена. Но, затоа фирма од Стразбур веќе прифатила на вработените да им обезбеди бесплатно место за паркирање на велосипедот, за оставање на кацигите, алат за поправка како и кабини за туширање. Имало и други заинтересирани компании-пишува „Фигаро“.

Во Белгија од 1997 година за секој поминат километар на вработените им се исплаќа во просек по 21 цент. Според  пресметките на ,,Фигаро“,  два милиони французи минуваатсо велосипедпо 5 километри дневно, па таквата мерка би ја чинела државата околу 20 милиони евра.

 

Соња Стојановска