Концерт на квартетот „Молинари“ од Монтреал, Канада
Концертот е во рамките на Канадските културни денови кои за прв пат се одбележуваат во Скопје...

Вечерва во Камерната сала на Националната филхармонија, концерт ќе оджи Квартет Молинари, резидентен квартет на Конзерваториумот за Музика во Монтреал. Ансамблот е составен од уметници со фасцинантни професионални кариери: Олга Ранзенхофер, виолина, Антоан Бареил, виолина, Фредерик Ламер, виола и Пјер-Алан Буврет, виолончело.
Концертот е во рамките на Канадските културни денови кои за прв пат се одбележуваат во Скопје, кои се во организација на Канадскиот Музички Центар при уметничкиот центар Полифонија од Скопје и во соработка со Канадската амбасада во Белград.
На програмата се композиции од Канадски автори со светско реноме Шафер, Соколовиќ, Несиќ, Јордановски.
