Пет децении хеликоптерска единица на МВР

27.11.2019 14:58

Успешени интервенции во спасување луѓе на тешко пристапен терен, низа завршени акции во борбата против криминалот – пет децении хеликоптерска единица на МВР. Велат дека моментите на одбележување јубилеј се дополнителен мотив и обврска да се продолжи со работа и да се изгради уште подобар систем за безбедност на граѓаните...

Успешени интервенции при спасување лица на тешко пристапен терен, носење храна, лекови и опрема, како и на низата успешно завршени полициски акции во борбата против криминалот. Ретки и бесценети се овие моменти во професионалната кариера на секој од припадниците на Хеликоптерската единица на МВР.

Според началникот, Ненад Алексовски, ова е дополнителен мотив и обврска да се изгради уште подобар систем за безбедност на граѓаните. Осврнувајќи се на историјатот на единицата, рече дека покрај успесите, со несреќата кај Струмица го доживуваат и најголемиот удар, кога ги загубија нивните колеги, чија загуба се чувствувала и денес. Оттука и обврска  да го продолжат патот каде што тие застанаа.

Хеликоптерската единица на МВР, стожер во полициското дејствување за специфични и сложени активности, експедитивна во извршување на задачите, вели ресорниот министер Спасовски. Изрази уверување дека ќе се употребат сите расположливи средства за развивање на единицата.

И во иднина продолжува развојот во единицата од со зајакнување на техничките и пилотските капацитети и модернизација на хеликоптерите.

 

Наташа Гркова- Петрушевска