Стоматолозите- специјалисти најавуваат штрајк, бараат зголемени цени за услугите
Бараат од здравствените власти, до 10 декември да одговорат позитивно на нивните барања за зголемување на цените за услугите. Велат, живеат со плата како минималната, секој месец се борат за опстанок.
Стоматолозите-специјалисти по протетика, ортодонција и орална хирургија најавуваат штрајк. Бараат од здравствените власти, до 10 декември да одговорат позитивно на нивните барања за зголемување на цените за услугите. Велат, живеат со плата како минималната, секој месец се борат за опстанок.
„Цената на специјалистичко- стоматолошки услуги не соодвествува на реалната цена. Референтните цени дадени од фзо по кои работиме се дадени паушално без да биде изработена методологија и номенклатура за дадените услуги“, изјави д-р Сузана Антовска, стоматолог специјалист.
„Правилниците од Фондот за здравство за нашите услуги се стари 12 години. За тие 12 години нашите трошоци, работата, цените на материјалите. Цените на забните техничари ни сугерираат и не приморуваат да излеземе со овие барања во јавноста“, вели д-р Владо Јорданов, стоматолог специјалист.
Поддршка имаат од Стоматолошката комора. Директорите на Фондот за здравство на итен состанок за да ги разгледаат барањата.
„Ортодонција, протетика и орална хирургија продуцираат поголема загуба отколку што имаат профит. Затоа ние интензивно разговараме имаме веќе остварено и напредок во разговорите, но финлизирање на целиот процес за промена на правилниците треба да се случи во најскоро можно време“, изјави Маријан Денковки, претседател на Стоматолошка комора.
Освен зголемување на цените на стоматолошките услуги, стоматолозите-специјалисти бараат и нови договори со Фондот за здравство, со кои ќе им се овозможи дејноста да ја извршуваат на ниво на цела држава.
Андријана Атанасовска
