Економија

Сивата економија сѐ уште проблем за бизнисот, УЈП прави контроли

27.11.2019 16:01

Сивата економија сѐ уште претставува проблем за бизнис- секторот. Оттаму бараат да не се толерираат оние кои не плаќаат даноци. Од Управата за јавни приходи велат дека прават контроли и очекуваат сите процеси што ги имплементираат да придонесат кон намалување на нелојалната конкуренција. Управата за јавни приходи прослави 25 години постоење...

Обезбедуваме висок квалитет на услуги за даночните обврзници, поедноставени даночни постапки и праведно и ефикасно собирање на даноците и на социјалните придонеси, вели директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, на прославата  на 25 годишниот јубилеј. Таа смета дека од клучно значење е борбата за превенција, заштита и спречување на даночни измами и формализирање на неформална економија.

Според министерот за економија, Крешник Бектеши, реализираните реформски зафати и поддршката на домашната економија создадоа услови за стабилен економски раст и  отворање на 54.000 работни места за две и пол години.

Данела Арсовска од Сојузот на стопански комори, потенцира дека е потребно да имаме функционални институции, предвидлива  даночна политика и развој на претпримништвото особено кај младите генерации.

На прослава беа присутни претставници на стоте најуспешни компаниии кои имаат и најголем удел во полнењето на државната каса.

 

Игор Панов