Евроинтеграции
Хан: Големата стратегиска грешка на ЕУ за Скопје и Тирана треба брзо да се поправи
28.11.2019 10:06
Досегашниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан смета дека грешката сè уште може да се поправи, надевајќи се дека тоа ќе се случи уште во почетокот на следната година...

Одбивањето на францускиот претседател Емануел Макрон за отворање на пристапните преговори со Македонија и со Албанија е голема стратегиска грешка, оценува досегашниот еврокомесар за проширување Хан, кој го презема комесарското место за буџет и администрација во новиот состав на Европската комисија.
Хан смета дека грешката сè уште може да се поправи, надевајќи се дека тоа ќе се случи уште во почетокот на следната година.
Тој предупредува и на негативните последици што може да ги предизвика противењето на Париз да се отворат вратите на ЕУ за Скопје и Тирана.
