Аграр

Земјоделците од Конче ги окрупнија парцелите

28.11.2019 10:10

Земјоделците од општина Конче се договорија да ги разменат малите земјоделските парцели. Консолидацијата на земјиштето ќе им овозможи од неколку површини да направат една поголема и на тој начин да ги намалат трошоците за обработка. Овој процес траеше 5 години со поддршка на ФАО и на Европската унија...

Земјоделците од општина Конче, се согласија да ги разменат површините и да ги окрупнат имотите. Со овој проект, кој траеше пет години со поддршка на ФАО и на Европската Унија, Конче стана првата општина во која е успешно спроведен овој  процесот на окрупнување на земјоделското земјиште во државава.

Консолидацијата опфати вкупно 28 хектари поделени на 100 мали парцели и во просек еден сопственик на земјоделско земјиште во Конче поседуваше по четири ниви меѓусебно оддалечени повеќе од еден километар со високи транспортни и работни трошоци, ограничен обем на производство, намалени приходи и неможност за примена на современа технологија и агротехнички мерки.

Во завршна фаза е и уште еден проект за окрупнување во селото Егри во Битоско со подобрување на инфраструктурата, а до крајот на годината ќе почнат и активностите кај уште четири нови проекти во пелагонискиот и брегалничкиот регион во Оптичари, Логоварди, Соколарци и Спанчево.

 

Методија Трајков