Прилеп

Прилепскиот архив ќе стане Регионален центар за дигитализација

28.11.2019 10:19

Прилепскиот архив се дигитализира. Ќе стане регионален центар. Чува 605 фонда и 9 збирки од историјата на Прилеп и регионот. Најстариот документ е од 1788-ма година...

Трезорот на идентитетот и на историјата на регионот, Прилепскиот архив, со нов оспособен простор од 200 метри квадратни ќе стане Регионален центар за дигитализација на архивскиот материјал и на документацијата. Архивот кој поседува 605 фонда и 9 збирки, најстариот документ го чува од 1788 година. Се решава децениски проблем за трајно чување на историската граѓа во депоата. Архивот е надлежен за шест општини.

Дигитализацијата на обемниот архивски материја во земјава, ќе почне во почетокот на наредната година. Долготрајниот процес ќе се одивива во фази.

Прилепскиот архив четири години има постојана изложба на најстари документи, а за преведување на стара историска документација во Истанбул се обучува архивист, изучувајќи ги османлискиот и арапскиот јазик.

 

Елизабета Митреска