Лондон: Можно е ниту една партија да нема мнозинство
28.11.2019 10:28
Конзервативната партија на Џонсон има предност пред опозицијата предводена од лабуристите на Џереми Корбин.
Главниот советник на британскиот премиер Џонсон тврди дека изборите на 12 декември може да доведат до уште еден Парламент во кој ниту една партија нема да располага со мнозинство.
Конзервативната партија на Џонсон има предност пред опозицијата предводена од лабуристите на Џереми Корбин.
Според советникот, шансите се големи да се добие т.н. израмнет односно нефункционален Парламент во кој ниту една партија нема да располага со мнозинство.
