Континуирано се испраќа помош за настраданите во Албанија
28.11.2019 10:36
Црвениот крст во заедничка иницијатива со здруженија апелира за донирање на семејствата на загинатите и повредените.
Од земјава континуирано се испраќа помош за настраданите во Албанија. Најмногу се потребни облека и прехранбени продукти. Црвениот крст во заедничка иницијатива со здруженија апелира за донирање на семејствата на загинатите и повредените.
Црвенот крст има отворено и телефонски броеви преку кои може да се донира за настраданите во земјотресот во Албанија.
Граѓаните може да донираат на телефонските броеви 070/075/077/ 143-400, за повик од Македонија преку мобилен телефон. Секој повик изнесува 100 денари, а донациите се преку Црвениот крст.
