Премиерот Заев ja доби меѓународната награда „Иса Бег Исхаковиќ“
Македонскиот премиер го доби признанието поради неговите напори и иницијативи за воспоставување пријателства и соработка на Балканот.
Премиерот Заев во Сараево ja доби меѓународната награда „Иса Бег Исхаковиќ“. На манифестацијата присуствуваа гости од земјата и пошироко, дипломати, академици, личности од општествено-политичкиот живот од БиХ.
Македонскиот премиер го доби признанието поради неговите напори и иницијативи за воспоставување пријателства и соработка на Балканот. Во својот говор се заблагодари за честа што му е укажана со наградата „Иса Бег Исхаковиќ“ и признанието што го носи оваа награда „Во потрага по пријател“.
Премиерот Заев, посочи дека Република Северна Македонија сработи во реформите, го воспостави пријателскиот концепт „Едно општество за сите“, дома, со еднакви шанси за сите и со оглед дека нашата држава, како и Босна и Херцеговина, изобилува со различности на националности, традиции, култури, вери, покажавме дека ние веќе сме Европа во мало и можеме успешно да функционираме.
Нагласи дека ги стабилизиравме и зацврстивме односите со нашите соседи, Бугарија и Грција, со коишто, не само што воспоставивме пријателства, туку тие држави и нивните раководства се веќе меѓу најголемите лобисти во ЕУ, за да го добиеме заслужениот датум за почеток на преговорите со Европската унија.
Премиерот Заев истакна Европа треба да ја исправи историската грешка, што ја признаа и европските институции и земјите членки, а свесна дека го заслужуваме исчекорот во евроинтеграциите е и пријателска Република Франција.
