Потпишување договор за изградба на фотонапонската електрана „Осломеј“

28.11.2019 10:30

Проектот фотонапонската електрана „Осломеј“ е дел од стратегијата на Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) за менување на начинот на производството на електрична енергија односно зголемено искористување на обновливите извори на енергија на сметка на фосилните горива.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев ќе присуствува и ќе се обрати на потпишувањето договор за изградба на фотонапонската електрана „Осломеј“.

Проектот фотонапонската електрана „Осломеј“ е дел од стратегијата на Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ)  за менување на начинот на производството на електрична енергија односно зголемено искористување на обновливите извори на енергија на сметка на фосилните горива.

Договорот ќе го потпишат Васко Ковачевски, генерален директор на ЕСМ, и Мухитин Бехиџ Харманли, претседател на Одборот на директори на Гирисим Електрик– компанијата изведувач од Турција.

Изградбата на електраната е почеток на иницијативата со која значително ќе се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, особено од сонцето.