МВР

25 повредени мигранти во превртен камион

28.11.2019 11:10

Сите 25 лица биле повредени - 15 од Авганистан, 9 од Пакистан и еден од Ирак. Седумина од нив се малолетници. Повредените се префрлени во болница во Куманово.

На патот Свети Николе - Куманово, кај селото Градиште, полицијата пронајде излетан камион со бугарски национални ознаки со 25 мигранти. Сите 25 лица биле повредени - 15 од Авганистан, 9 од Пакистан и еден од Ирак. Седумина од нив се малолетници. Повредените се префрлени во болница во Куманово.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера претпладне. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полицијата се сомнева дека групата мигранти влегла нелегално во државава од Грција.