Москва
Русија: САД да го продолжат нуклеарниот договор
28.11.2019 12:01
Договорот, кој истекува во февруари 2021 година, е последниот голем договор за контрола на нуклеарното вооружување меѓу Москва и Вашингтон кој се уште е во сила.

Русија ги повика САД, двете нуклеарни суперсили да го продолжат договорот за контрола на нуклеарно оружје на пет години.
Договорот, кој истекува во февруари 2021 година, е последниот голем договор за контрола на нуклеарното вооружување меѓу Москва и Вашингтон кој се уште е во сила.
Според документот, двете најголеми нуклеарни сили не смеат поединечно да имаат повеќе од 1.550 стратешки нуклеарни боеви глави.
