Фон дер Лајен: Северна Македонија и Албанија заслужуваат почеток на преговори
Од статешки интерес е да ги приклучиме земјите од Западен Балкан во Унијата, Северна Македонија и Албанија заслужуваат почеток на преговори – не требаше да се менуваат правилата на игра, ова е ставот на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, пред Европскиот парламент. Хрватскиот европратеник Пицула ќе има задача да ги формулира препораките, назначен е за известувач за самитот на ЕУ- Западен Балкан во мај во Згреб...

на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен по пораката на пленарната сесија на Европскиот парламент дека вратите на ЕУ остануваат отворени за земјите од Западен Балкан, таа беше уште подиректна на конференцијата за печатот.
„Целосно сум убедена дека е од наш стратешки интерес да ги приклучиме земјите од Западен Балкан кон Европската Унија. Северна Македонија и Албанија заслужуваа да ги започнат преговорите. Ние побаравме многу од овие земји. Сега треба да се убедат сите во Советот на ЕУ. Го поздравувам тоа што процедурите за проширување се ставени на масата. Тоа е право на Советот. Но, за Северна Македонија и Албанија, од кои побаравме длабоко да се реформираат и трансформираат, тие заслужуваат да не ги менуваме правилата кои им ги дадовме претходно“, рече претседателката на Европската комисија.
Во тој контекст, Европскиот парламент го назначи хрватскиот европратеник Тонино Пицула за известувач за самитот ЕУ- Западен Балкан кој ќе се одржи во мај во Загреб. Тој ќе има задача да формулира препораки во име на Европскиот Парламент до Советот и Комисијата во пресрет на лидерскиот состанок и да помогне да се деблокираат преговорите со Сeверна Македонија и Албанија.
„Јас сум исклучително почестен што ја имам новата улога на известувач за препораките за Западен Балкан пред претстојниот самит во Загреб. Во соработка со сите земји од Западен Балкан и институциите на ЕУ, ќе понудам збир на конкретни препораки кои ќе овозможат отстранување на блокадите и конечно отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија уште во Загреб“, вели европратеникот Пицула.
Според Пицула францускиот претседател Емануел Макрон, со тоа што направи грешка со блокирањето на започнувањето на преговорите за Северна Македонија и Албанија, тој го врати прашањето за проширувањето во фокусот на дебатата на европско ниво.
Тони Гламчевски, дописник од Стразбург за МРT
