Регион

Албанија: Тлото продолжува да се тресе, расте бројот на жртви

28.11.2019 12:58

Продолжува да се тресе тлото на Албанија. Спасувачките екипи трагаат по изчезнати лица под урнатините. Над 40 загинати, повеќе од 650 повредени е последниот биланс. Над две илјади луѓе во Драч ја минаа ноќта во шатори...

Нов земјотрес од четири степени според Рихтер го стресе тлото на Албанија. Спасувачките екипи од неколку земји сѐ уште трагаат по изчезнати во урнатините по разрониот земјотрес кој пред два дена ја погоди околината на Драч.

Расте бројот на жртви, достигна над 40, има и повеќе од 650 повредени. Две илјади лица чии домови беа уништени, ноќта ја поминаа во шатори. Стравуваат од нови земјотреси.

Помош пристигнува од сите страни. Најмногу им се потребни фиансисиски средства, ќебиња, душеци и конзервирани прехранбени продукти.

Од Црвениот крст отворена е посебна жиро сметка за солидарност. Досега собрани се 40 илјади евра.