Насилство врз деца

Секое трето дете во Македонија е физички малтретирано

28.11.2019 13:06

Секое трето дете е физички малтретирано. Потребно е подигнување на свеста кај родителите, но и кај здравствените работници, наставниот кадар и полицијата...

Осум од десет родители се однесуваат насилно кон своите деца. Секое трето е физички малтретирано, а секое петто девојче сексуално злоупотребено. Овие податоци беа презентирани на конференцијата „Проширување на акцијата за ставање крај на насилството врз децата од Западен Балкан“.

Мора да има сеопфатен одговор врз насилството врз децата, порача шефот на државата Пендаровски.

Неопходно е подигнување на свеста кај родителите за овој проблем, но и кај здравствените работници, наставниот кадар и полицијата.

Најранливи се оние деца кои живеат во сиромаштија и кои имаат попреченост, вели евроамбасадорот Жбогар. Според министерот Филипче, институциите имаат обврска да ги откријат процесите и да ги спречат.

За низата настани меѓу кој и последниот случај со дадилката која тепаше дете, министерот Адеми уверува дека работат на превенирање на вакви немили настани.

Заложбата е ставање крај на насилството врз децата. Секое дете да се чувствува безбедно дома, на училиште и во заедницата.

 

Наташа Гркова- Петрушевска