Нова средба на Македонско- бугарската комисија за историјата
На првиот работен ден, како што информираа од Комисијата, предвидено е да се продолжи со дискусијата за учебниците по историја за седмо одделение според македонскиот образовен систем и шести клас според бугарскиот образовен систем...
Средниот век, Османлиската империја и Гоце Делчев се темите за кои ќе разговараат членовите на заедничката комисија меѓу Македонија и Бугарија на нова средба денеска и утре во Софија. Овој 9-ти состанок е продолжение на претходниот во Охрид.
На првиот работен ден, како што информираа од Комисијата, предвидено е да се продолжи со дискусијата за учебниците по историја за седмо одделение според македонскиот образовен систем и шести клас според бугарскиот образовен систем, односно историјата на средниот век и Османлиската империја.
Утре е предвидено членовите на комисијата да дискутираат за евентуално заедничко чествување на Гоце Делчев. Од досегашата работа на заедничката комисија, произлезе препорака на владите на двете држави заеднички да ги чествуваат Свети Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум, Цар Самоил, како и препораки за подобрување на учебници по историја во двете земји.
