Раст од 4,2 % на индустриското производство во октомври
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи опаѓање од 11 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 7,8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 5,5 %.

Индустриското производство во октомври годинава, во однос на октомври минатата година е зголемено за 4,2 проценти, додека во периодот јануари- октомври, споредено со истиот период лани бележи раст од 5,4 проценти, покажуваат последните податоци на Држаниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи опаѓање од 11 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 7,8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 5,5 %.
Според главните индустриски групи, производството во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,2 %, Капитални производи за 12,5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,2 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 8,5 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 5,3 %.
