Сопственикот на „Дурмо турс“ пуштен во домашен притвор

28.11.2019 13:41

Првообвинетиот во судењето за трагедијата кај Ласкарци, сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули е пуштен на домашен притвор со гаранција...

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули кој е првообвинет за несреќата во која загинаа 16 луѓе кај Ласкарци, е пуштен во домашен притвор. Белули е пуштен со гаранција. Одземен му пасошот, треба да се јавува во суд, не треба да контактира со оштетените и да не се занимава со транспорт.

Истата мерка ја добил и четвртообвинетиот Игор Ѓоргиовски, вработен во станицата за технички преглед.

За автобуската несреќа во која на 13 февруари загинаа 16 луѓе, обвинети се шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.