Состанок во пресрет на самитот на НАТО во Лондон
Досега учеството беше на министерско ниво. Во МНР е подготвен нацрт- закон за верифакација на полноправното членство. До Лондонскиот самит е најавено назначување на македонски дипломатски претставник во НАТО.
Во наредната недела земјава седнува на лидерската маса на Северноатланската алијанса. Досега учеството беше на министерско ниво. Во МНР е подготвен нацрт- закон за верифакација на полноправното членство. До Лондонскиот самит е најавено назначување на македонски дипломатски претставник во НАТО.
„Северна Макеоднија до самитот на НАТО ќе има избран свој воен претставник во Алијансата. Нашите мисии се зајакнуваат – и во дипломатскиот и во одбранбениот дел. До крајот на годината се очекува да имаме и нови простории за нашата мисија“, рече министерката Шекеринска по средбата со шефот на канцеларијата на НАТО во Скопје, полковник Зоран Јанковиќ.
Министерот Димитров очекува во наредните денови да биде завршена работата и околу назначувањето амбасадор во НАТО.
„Тоа ќе биде човек со искуство и со политичка тежина кој достојно ќе преставува во НАТО. Ќе биде исклучително лош сигнал ако полноправното членство го дочекаме со вршител на должност“, истакна Димитров, изразувајќи увереност дека во наредните денови ќе биде назначен амбасадор во Алијансата.
Во МНР веќе е подготвен нацрт закон за прифаќање на Северноаталаткиот договор во нашето Собрание со што и официјално Северна Македонија ќе стане 30-та членка на НАТО.
